Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, по неколкуте одолевања да го напушти „Максимир“ пред извесен период донесе одлука дека дојде време за нов предизвик и кариерата ќе ја продолжи во Кина, во редовите на Пекинг Гуан.

Големиот борец на средната на теренот со „сините“ ќе се прости в недела на натпреварот против Риека на Максимир. За заминувањето на капитенот на прес-конференцијата зборуваше и тренерот на Динамо, Анте Чачиќ.

„Ќе треба да се навикнеме да играме без Адеми и тоа го пробавме на овие два натпревари. Тој е посебна тема, игра проштален натпревар по 13 години. Најдобрите години му ги даде на Динамо, а Динамо му даде многу ако се потсетиме на допинг ситуацијата.

Сега Динамо му ја исполнува желбата материјално да ја осигура иднината на неговото семејство, додека тој е на врвот на силите. Не сака да му биде товар на Динамо, сака да го напушти Динамо кога е на врвот. Тој е клупска легенда и не знам кој играч во историјата му дал толку многу на Динамо. Во сите сегменти, од игра и од човечка страна, заслужи утрешниот меч да му остане во добро сеќавање“.

Загрепчани веќе најавија спектакуларно простување со својот капитен. Средбата меѓу Динамо Загреб и Ријека се игра в недела со почеток од 17:30.

Прикажи повеќе