Динамо Загреб загуби од Милан на „Максимир“ со 0-4. Италијанскиот тим со тоа се доближи до 1/8 финалето, и речиси ја затвори вратата за „модрите“ кои сега ќе треба да направат чудо во Лондон за да се пласираат барем во Лига Европа. Динамо нема никакви шанси за второто место, а капитенот Аријан Адеми се извини на навивачите на тимот од Загреб, и најави дека во Лондон ќе се обидат да го направат тоа чудо.
„Покажаа дека се подобри, жал ми е за навивачите кои беа фантастични. Вториот гол беше одлучувачки. Во Милано бевме блиску да се вратиме, но тука направивме грешки кои не смеевме. Имаме уште еден натпревар, и одиме по чудо во Лондон“, рече Адеми.
Динамо има четири бода, откако го совлада Челси и одигра нерешено со Салцбург на „Максимир“, а загуби двапати од Милан и еднаш од Салцбург.