
Познатиот тренер, Димитрис Итудис стана дел од историјата на Евро Лигата.
Тимот што го предводи, Фенербахче, на гостински терен го победи Милан и ја забележа 9-та победа во 10 кола. За Итудис ова беше 200-та победа во кариерата како тренер.
Само уште тројца тренери имаат повеќе победи од грчкиот селектор. Актуелен лидер е Желко Обрадовиќ со 317, пред Чави Паскал со 241 и Пабло Лас со 236 победи.