Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе си добие пиво од Лионел Меси, кој заедно со неговиот спонзор реши да ги „почести“ сите голмани против кои постигнал гол, пишува Суперспорт.мк

„Будвајзер“ заедно со Меси ќе ги изненадат сите голмани кои примиле гол од Аргентинецот. Тие ќе му подарат пиво на секој од голманите, а еден од нив ќе биде и македонскиот чувар на мрежата.

Меси постигна гол против Димитриевски на 9 март 2019 година, кога Барселона славеше со 3-1 против Рајо Валјекано.