Германскиот фудбал направи голем прогрес со потпушувањето на најновиот договор. Германската фудбалска лига (ДФЛ) ќе продаде дел од правата за пренос на натпревари на странски инвеститори за 4,5 милијарди евра.
Станува збор за продажба на удел од 25% од вкупната вредност на содржината, која лигата во иднина ја проценува на 18 милијарди евра. Раководечкото тело на германскиот фудбал ќе разговара за договорот за правата на медиумите на состанокот на деветти февруари. Раководството на лигата очекува на овој начин да ги намали финансиските разлики во однос на англиската Премиер лига и шпанската Примера.
Шест компании конкурираат за купување на правата, што автоматски значи лицитација и можно зголемување на цената.