МВР го потврди инцидентот кој се случил синоќа во Охрид, а во кој бил нападнат и претепан секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков.

Од МВР велат:

-На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С.

Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид

Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштија од охридската полиција.

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ е со испукани прешлени, ребра и скршена вилица