Преку десет илјади трудници кои се вакцинирани против ковид досега немале негативни реакции на вакцината, рече денеска Ентони Фаучи, главниот американски имунолог на брифинг во Белата куќа.

Фаучи потсети дека децата и трудниците не биле вклучени во клиничките тестирања на Фајзер/Бионтех или вакцината Модерна, одобрени за итна употреба во САД, пренесува Си-ен-ен. Сепак, вели тој, трудниците и децата ќе бидат вклучени во клиничките тестирања многу скоро.

Сепак, сакам да кажам дека штом Агенцијата за лекови за итна употреба ја одобри употребата на вакцината, околу 20.000 трудници се вакцинирани и немаше т.е. „црвени знаменца“, вели Фаучи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.