Некои симптоми се чувствуваат само во првите месеци од бременоста, а потоа повремено се повлекуваат.

Отсуство на менструација

Одложената менструација е најчестиот показател за рана бременост. Кога циклусот доцни, бременоста е првата најчеста мисла што им поминува низ главата, пишува The Sun.

Замор

Чувство на замор и недостаток на енергија се некои од знаците на рана бременост. Хроничен замор најчесто се јавува во првиот триместар, но исто така и непосредно пред раѓањето со зголемувањето на нивото на прогестерон.

Главоболка

Главоболките се чести во првите месеци од бременоста, но со текот на времето се смируваат. Хормонални промени, флуктуации во телесната тежина, стрес, недостаток на физичка активност се само некои од причините за главоболки за време на бременоста.

Подуеност во стомакот

Може да биде показател за други состојби, но и бременост. Иако стомакот почнува да се забележува во вториот триместар, надуеност може да се појави порано.

Почести или поретки посети на тоалетот

Овој феномен се јавува поради зголемување на хормонот прогестерон, но и поради други причини затоа што бубрезите треба да работат понапорно за исфрлање на вишокот течност или матката врши притисок врз мочниот меур.

Утринска мачнина

Понекогаш промените во телото што се прилагодуваат на бременоста, како чувствителност на разни мириси и вкусови, може да доведат до чувство на гадење.

Крварење

Две недели по зачнувањето, бремената жена може да забележи мала количина вагинално крварење.

Вртоглавица

Раните месеци од бременоста можат да бидат придружени со вртоглавица, што може да го отежни извршувањето на секојдневните задачи. Ова може да биде поврзано со пад на шеќерот во крвта или дехидрираност, но исто така и со недоволен внес на калории или анемија.

Чувствителност на градите

Иако ова се случува и кај ПМС, за време на менструацијата, обично две недели по зачнувањето, жените често се жалат на чувствителни гради. Ова е предизвикано од зголемено ниво на хормони прогестерон и естроген, како и зголемен проток на крв во областа.

Промени во расположението

Раздразливоста се јавува поради бременост, но не само поради хемиски промени во телото, туку и поради можни стресови и грижи како резултат на доаѓањето на бебето.