Францускиот интернационалец Осман Дембеле стави крај на сагата за неговата иднина откако потпиша продолжување на договорот со каталонскиот гигант Барселона. Тој во Каталонија ќе остане и во следните две сезони, заклучно до 2024 година.  стави потпис на нов договор, кој ќе го задржи во Барселона до 2024 година.

Advertisements

Иако Французинот се поврзуваше со трансфер во Њукасл, Челси и Пари Сен Жермен, на крај сепак одлучи да остане во Шпанија. Тој пристигна во каталонскиот гигант пред пет години од Борусија Дортмунд за сума од неверојатни 140 милиони евра.

Во досегашните настапи во Ла лига, Дембеле има 19 погодоци и 27 асистенции.

Прикажи повеќе