Се чини дека Ковид-пасошите се завршена работа во ЕУ, единствено прашање е кога и како точно ќе бидат воведени. Раководителот на Хрватскиот институт за јавно здравје и член на Националниот штаб за цивилна заштита, Крунослав Цапак во интервју за хрватски медиуми открива дел од деталите.
Што сѐ ќе содржат Ковид-пасошите?
Цапак додава дека сè уште нема визуелни содржини, но има договор на ниво на ЕУ за содржината што треба да содржи сертификат или, како што колоквијално се нарекува, ковид пасош.
– Advertisement –
“Постигнат е договор за содржината на самиот сертификат. Тој треба да ги содржи името и презимето на лицето, употребената вакцина, датумот на вакцинација и серискиот број на вакцината”, објасни Цапак.
Ковид-пасоши најрано за три месеци
На ниво на Унијата сѐ уште има дискусија дали вакцинираните граѓани ќе добијат „смарт“ картички или ќе имаат код што може да се чита на мобилен телефон, објаснува Цапак.
Сепак, се претпоставува дека би можело да поминат повеќе од три месеци пред да се започне со употреба на сертификатите за вакцинација, во зависност од тоа дали вакцината тогаш ќе биде подостапна за многу поголем број луѓе во Европската унија отколку што е во моментов.
“Досега, ниту една земја на ЕУ не донесе одлука да ја премине границата врз основа на вакцинација. Постојат билатерални договори, така што имаме неколку билатерални разговори за признавање на сертификатите за вакцинација. Дефиниран е изгледот на сертификатите, но досега тие се користат само за медицински цели, не за минување на границата. Сега интензивно се дискутира и за нивна употреба за преминување на границите. Сигурно ќе дојде време кога ЕУ ќе донесе таква одлука, но има уште многу отворени прашања и контроверзи“, изјавил Цапак.
Се чини дека Ковид-пасошите се завршена работа во ЕУ, единствено прашање е кога и како точно ќе бидат воведени.
Воведувањето на такви пасоши беше дискутирано и на последната седница на Европскиот совет, но беше заклучено дека за ова мора да се дискутира понатаму, бидејќи сега состојбата на достапност на вакцините е таква што многумина би биле дискриминирани.