Светски познатиот диџеј Дејвид Гета веќе некое време ужива во љубовта која ја дели со својата девојка Џесика Ледон. Кубанката е 25 години помлада од 53-годишниот Гета и како што пишуваат странските медиуми тие биле практично неразделни…

Џесика и славниот Французин се секогаш интересни за папараците, кои едноставно се натпреваруваат кој да ги фотографира прв кога и да се појават во јавност. Имено, една од причините е и фактот дека 28-годишната девојка на Дејвид Гета е вистинска убавица.

Овој пат, атрактивна двојка беше „фатена“ во Мајами на плажа, и како и обично, тие не ги тргнале рацете еден од друг, однесувајќи се како вљубени тинејџери.

Славниот диџеј не крие колку е лудо вљубен во својата партнерка, а дека таа навистина позитивно влијае врз него потврдуваат и бројните коментари дека Гета во последно време изгледа дури и помладо.

epa-efe
EPA-EFE/NINA PROMMER

Да потсетиме, пред Џесика, Гета беше 22 години во брак со Кети Лоб, со која има и две деца. Двојката се раздели во 2014 година, а неколку месеци подоцна, јавноста дозна за неговата нова избраничка, за која многумина шпекулираа дека е причина за разводот, но тоа никогаш не беше потврдено.