Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски останува во затворот во Идризово.

Од Министерството за правда за „Фокус“ информираат дека судот во Куманово сепак пресметал дека на Даравелски, не му е застарено извршувањето на казната, што значи дека засега тој останува во затвор.

„Во однос на застареноста, неа ја констатира надлежен суд. Од известувањети кое го добивме од судот во Куманово апсолутна застареност на извршувањето на казната по пресуда на Основниот суд Скопје 1,К.бр.809/05 настапува на 26 .03 2028 година“, одговориле од Правда.

Од таму додаваат дека последен пат е барана екстрадиција во јуни 2020 година, а претходно во 2004 и 2013 година. Всушност последното барање од пред две години го помести рокот на застарување, затоа и апсолутната застареност е во 2028 година.

Дараврлски вчера беше уапсен на граничниот премин „Табановце“, по 20 години поминати во бегство.