Даниел Редклиф, кој ја играше главната улога во филмовите за „Хари Потер“, откри во шоуто „Hot Ones“ дали навистина скршил околу 160 пара очила и 60-70 „магични“ стапчиња за време на снимањето, како што се шпекулираше со години во медиумите и на социјалните мрежи меѓу фановите.
„Дефинитивно би рекол дека овие гласини се претерани. Особено овие за очилата. Не ги кршев очилата толку често, барем ми се чини дека не беше така“, започна актерот.