СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО во Катар официјално е отворено. Снимките и фотографиите од големата церемонија го обиколија светот, а главна ѕвезда беше маскотата, лик облечен во традиционален арапски бел вел.

Нејзиното официјално име е Лаееб, а на почетокот на оваа година Катар ја разјасни идејата околу тој симбол.

Преводот на името на маскотата од арапски би бил „многу надарен играч“. Тој, според Фудбалскиот сојуз на Катар, доаѓа од паралелна маскота-универзум кој не може да се опише и сите што го гледаат Светското првенство се поканети да протолкуваат како точно изгледа Лаееб и на што ги потсетува. Мотото на маскотата е „Се се случува сега“, а идејата е да се поттикнат сите да веруваат во себе.

„Лаееб е храбар и смешен лик“

Лаееб треба да биде познат низ целиот свет по неговата љубопитност, испитувачки дух и самодоверба. Неговата мисија е да „шири радост“ и среќа преку фудбалот, единствениот глобален спорт. Тој е особено задолжен за младите навивачи кои сега ќе го гледаат своето прво Светско првенство.

„Сигурни сме дека навивачите ширум светот ќе го сакаат овој забавен и храбар лик. Лаееб ќе игра многу важна улога во нашите напори да им овозможиме на навивачите од сите возрасти најдоброто можно искуство на Светското првенство“, рече Калид Али Ал Мавлави. , еден од раководните лица од комисијата за организација на Мундијалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: