Дефектот поради кој Тетово остана без вода 7 дена е саниран известуваат од Јавното комунално претпријатие „Тетово“. Велат дека од денеска од водоводот на Лешница има 110 литри вода во секунда и до утре граѓаните ќе имаат вода за пиење.

„Во моментот има 110 литри во секунда, верувам дека до утре наутро поради процесот за снабдување со вода од место таканаречено Лешница кој бара време, ќе бидеме снабдени со целосниот капацитет на вода.“, вели Шаќири.

Веќе една недела Тетово е без вода за пиење и тоа во време на пандемија кога се препорачува почесто миење на рацете. Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје, вели дека ограничувањето со снабдување со вода може да доведе до влошување на јавното здравје.

Водоводот на Лешница е ставен во употреба пред 4 години. 60 метри од ова мрежа пред 7 години беа оштетени од лизгање на земјиштето во локацијата Балта. Градот Тетово од овој водовод користи околу 150 литри вода во секунда. Во Тетово за да има доволно вода треба да има над 350 литри вода во секунда.