СЕЛОТО Торпнес во Обединетото Кралство е дом на необична градба стара 100 години позната како „куќа во облаците“. Иако изгледа како куќа, се работи за водна кула изградена во 1923 година, а бидејќи мештаните не сакале да ја уништат естетиката на селото, кулата ја претвориле во прекрасна куќа со покрив меѓу облаците.
Богата историја
Куќата во облаците крие богата историја, а делумно е уништена за време на Втората светска војна. По реновирањето, капацитетот на водената кула беше 30.000 литри наместо првичните 50.000 литри.
Во 1977 година селото било поврзано со мрежата на водоводни инсталации, па првобитната намена на објектот исчезнала, но таа станала толку блиску до срцата на мештаните што решиле да ја задржат.
Популарна дестинација
Необичната зграда стана туристичка атракција и беше пренаменета за овие цели. Куќата содржи вкупно пет спални соби, кои можат да се изнајмат, како и соба за игри, дневна соба, кујна, трпезарија и палуба со поглед кој го одзема здивот. Колку е популарна оваа викендица како дестинација за одмор покажува и податокот дека е резервиран за следните неколку месеци.