За граѓаните кои нема да развијат антитела и по примањето на втората доза на кинеската вакцина „Синофарм“, треба да се размислува да примат и трета доза од друга вакцина, вели за „Фокус“ Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија.

Петличковски објаснува дека кинеската вакцина доминантно создава хуморален имунитет, односно антитела, додека клеточниот имунитет не е јака страна на оваа вакцина.

Микробиологот Никола Пановски на прашањето дали ако не се развијат антитела од кинеската вакцина тоа значи дека лицето не е заштитено од несакани последици од болеста, тој вели дека тоа не се знае, бидејќи нема доказ за имунитет.

Можеби има клеточен имунитет кој не може да се докаже со вообичаени тестови, вели Пановски кој објаснува дека повозрасните потешко создаваат имунитет од било која вакцина.

Во Македонија од вкупниот број вакцини коишто се стигнати, најбројни се кинеските вакцини „Синофарм“, односно стигнати се над 300.000 вакцини. Според официјално објавените податоци на Министерството за здравство, оваа вакцина е 86 проценти ефикасна против САРС-Ков2 инфекција, 100% ефикасна за превенција на тешка болест.


Повеќе ТУКА

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.