Сигурно сте слушнале дека многумина од познатите личности ослабнале со помош на липосукциската исхрана, па можеби, се прашувате како им успеа. Јасно е дека класичните диети не даваат такви резултати.
– Ние направивме повеќе од диета. Ги споивме признатите европски препораки, медитеранската исхрана и одобрените помошни средства за слабеење. Резултатот е диетотерапија, која на здрав, брз и ефикасен начин, дава трајни резултати. За само две недели се губат 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина, со значајно намалување на обемот во критичните зони. Затоа, липосукциската исхрана е повеќе од диета, објаснува нутриционистот Кенан Мандра, творецот на липосукцискиот протокол за слабеење.
Поимот „липосукциска исхрана“ подразбира протокол за слабеење и правилна исхрана за одржување на телесната тежина. Протоколот за слабеење вклучува и додатоци во исхраната кои придонесуваат за контрола на телесната тежина и го намалуваат чувството на глад. Диетотерапискиот третман за слабеење функционира на принципот на метаболичко претворање на мастите во енергија. Односно, им овозможува на лицата кои имаат проблеми со прекумерна акумулација на масно ткиво, да го „натераат“ телото, преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви.
Тајната на липосукциска исхрана е во специфичната формула на амино-киселини, кои го активираат ензимот липаза. Така, амино-киселините делуваат на засилено искористување на мастите за добивање енергија – се зголемува ослободувањето на масни киселини, се намалува искористувањето на гликозата и се зголемува синтезата на гликоген во клетките, а последица на тоа е брзото слабеење.
– Тоа е природен процес, кој ја поттикнува редукцијата на масти и задржувањето на гликоза во крвта на ниво кое помага да загубиме 10 отсто од телесната тежина во текот на еден третман. Најважно е дека не сме гладни, дека килограмите ги губиме брзо и дека режимот е сто отсто безбеден за здравјето. Амино-киселините се консумираат во форма на прашок кој треба да се раствори во вода. Тие не го заменуваат оброкот, туку ги активираат масните резерви со кои организмот се храни – значи, ги топат мастите и ги претвораат во енергија – објаснува д-р Валентина Крстеска.
Но, како изгледа дневната исхрана на личноста која преминува на липосукциска диета?
– Во првата фаза од 14 дена протеините и аминокиселините се користат во комбинација со еден оброк од месо или риба со зеленчук. Протеините се раствораат во вода и се пијат на растојание од четири часа, трипати во текот на денот. Тие имаат млечен вкус, слатки се по вкус, со што се дестимулираат центрите во мозокот кои ја будат желбата за слатко. Аминокиселините се во капсули и со секоја ќесичка се земаат по две капсули. Централен оброк е вечерата во термин од 18 до 20 часот. Во другата фаза која трае, исто така, 14 дена, се вклучува дополнително млеко и млечни производи, јајца, овошје, јаткасти плодови. Клучот е во тоа внесот на јаглени хидрати и протеини да се ограничи, додека енергетскиот дефицит да се компензира со оптимална количина на заситени масти од животинско потекло, вели доктор Крстеска, консултант и раководител на Центарот за липосукциска исхрана во Скопје.
Протоколот на липосукциска исхрана е сосема сигурен за здравјето. Во текот на третманот не се чувствува глад, нема пад на шеќерот и на енергијата, се чувствуваме одлично, а килограмите се губат брзо, со што сме дополнително мотивирани да продолжиме понатаму. Првите резултати се видливи веќе по 72 часа.
Закажете и вие бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот, (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.
(комерцијален текст)