Чиа семето со години се нарекува „супер храна“. Честопати можете да го забележите на менито како додаток во доручек или во продавниците за здрава храна. Но, што точно е чиа семе? И, уште поважно, зошто е добро за вашето здравје? Дали е навистина толку здраво?

Семето од чиа е силно хранливо семе кое потекнува од растението Salvia Hispanic L“, објаснува Алиша Романо, регистриран диететичар во Медицинскиот центар „Tufts“ и потпарол за медиуми на Академијата за исхрана и диетика во Америка.

Самото семе е комплетен протеин и еден од најбогатите извори на омега-3 масни киселини“, вели Романо.

Чиа семето е одлично за вашето срце. Осврнувајќи се на неодамнешната студија за придобивките од чиа семето се вели дека високата содржина на омега-3 е корисна за намалување на воспаленија, намалување на холестеролот и намалување на крвниот притисок со што и одлична поддршка за здраво срце.

Се верува дека чиа семето го намалува и ризикот од хронични заболувања

Уште подобро, се гледа дека антиоксидантите кои се наоѓаат во чиа семето го намалуваат ризикот од хронични болести. Воедно игра важна улога и во спречување на дијабетес, Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест.

Исто така, се верува дека помага при губење на тежината, варење на храната и го чува здравјето на цревата.

unsplash

Но, тоа не значи дека треба да започнете да го додавате во секој оброк. Ако никогаш не сте пробале чиа семе, веројатно е добра идеја да започнете со додавање на една кафена лажичка и да завршите со една до две лажици, за да му дадете на вашето тело време да се прилагоди на содржината на хранливите влакна.

Преголемата употреба на чиа семето може да предизвика благи нарушувања во варењето на храната, како што би се случило со јадење премногу од било каков вид на природни влакна на едно јадење. Затоа бидете разумни и слушајте го вашето тело.