Момче кое се научило да чита на две години стана најмладиот член на британската Менса. Четиригодишниот Теди Хобс може да брои до 100 на шест јазици, вклучувајќи го и мандаринскиот.

„Со гледање телевизија и слушање и копирање на звуците на гласовите, тој научи да чита на 26 месеци“, изјави мајката на Теди, Бет Хобс за Би-Би-Си.

Еден ден неговите родители го слушнале како изговара зборови кои не ги разбираат. Зачудената мајка го прашала Теди за што зборува, а тој открил дека брои на мандарински.

“Тој стана член на Менса на три години, што во моментов го прави најмладиот член на организацијата во Велика Британија. Тој почнува да разбира дека неговите пријатели се уште не знаат да читаат, а не разбира зошто. Тоа е важно за ни дека останува приземјен и препознава дека секое дете има индивидуални таленти“, додава мајката на малиот генијалец.

Менса прифаќа луѓе кои постигнале 98-ми перцентил или повисоко на одобрен тест за интелигенција.