Шефот на делегацијата на украинската Рада во Парламентарното собрание на НАТО, Јегор Черњев, смета дека Украина ќе стане членка на НАТО веднаш по победата над Руската Федерација.
Се надевам дека НАТО ќе може да не прими многу брзо, бидејќи де факто сега многу брзо се усогласуваме со стандардите на НАТО во армијата. Се надевам дека по завршувањето на војната, де факто ќе се претвори во де јуре и ќе станеме членка на НАТО без никаков Акциски план за членство во НАТО и тоа многу брзо, изјави Черњев, пренесе Интерфакс Украина.
Според неговото мислење, станува збор за тоа што ќе се случи по војната, по, како што наведе, победата на Украина, за неговата земја да добие безбедносни гаранции во вид на „чадорот на НАТО”.
Разбираме дека Русија нема да се смири и дека за три, пет, 10 години, кога повторно ќе ги акумулира своите ресурси, повторно ќе се обиде да окупира или дел од територијата или цела Украина, рече Черњев.