Пролетниот замор е состојба што секој ја искусил. Иако не е болест, сепак предизвикува намалување на енергијата и нерасположение. За оваа состојба можете да си помогнете со промена на исхраната, а воедно има и многу лекови од народната медицина, кои помагаат во ова.
Телото има потреба да се хидрира за да се намали чувството на замор, а во тоа ќе ви помогнат чаеви од билки.
Изборот е голем. Семето од синап, една лажица, сварена со 600 милилитри врела вода 5-6 минути, е чудесен освежителен чај го намалува пролетниот замор, дава прилив на енергија. Се пие три пати на ден, не повеќе од мало филџанче пред секој оброк.
Чајот од рузмарин е друг пијалак што има тонизирачко дејство и може успешно да го замени вашето утринско кафе. Во комбинација со мед има посилно тонизирачко дејство од кофеинот. Една лажичка од сушен рузмарин се вари 10 минути во половина литар вода.
Зелениот чај е на прво место со своите антиоксидантни својства и содржина на кофеин што помагаат во хидрирање на организмот, а тоа го намалува пролетниот замор.
На овој начин се врши детоксикација на организмот, која ќе ги исфрли сите токсини од телото натрупани во зимскиот период и од тешката зимска исхрана, а вие ќе бидете полетни и полни со енергија.