Пејачката Светлана Цеца Разнатовиќ (46), деновиве стана мета на српските медиуми, откако на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од нејзиниот нов партнер Богдан Срејовиќ (38), со кого, наводно, веќе некое време е во љубовна врска.
Според извор близок до парот, познанството се случило на роденден на пријателка на Цеца, а по неколку недели дружење, двајцата започнале романтична врска.
„Првата средба меѓу Цеца и Богдан се случи на роденденска вечера во ресторан во Белград А потоа се сретнаа уште неколку пати преку заеднички пријател. На почетокот, двајцата ја криеја врската и тоа го знаеја само најблиските пријатели. Сепак, од нова година, тие започнаа да се појавуваат заедно на јавни места, за што сведочат и овие папарацо фотографии направени во еден белградски ресторан, а пред тоа парот беше виден и на Јахорина, каде со друштво уживаа во зимската магија“, изјавил извор близкок до парот за порталот „Нова.рс“, кој наводно бил детално информиран за љубовната врска на Ражнатовиќ.
Изворот објаснил дека Богдан со години работи во угостителската дејсност и бил многу успешен во својата работа. Тој е татко на Искра, ќерка од поранешниот брак.
Ниту тој ниту Цеца досега официјално не ја потврдија нивната врска.
„Не сакам да го коментирам мојот приватен живот. Збогум“, кратко изјавила Цеца за шпекулациите.