Бен Вајт, фудбалерот на Арсенал, на 30.ноември го напушти кампот на англиската репрезентација во Катар. Вајт, не одигра ниту една секунда во фазата по групи. Репрезентацијата и клубот објавија дека Вајт од приватни причини се повлекол од Мундијалот. Откако Вајт се врати во Лондон, неговиот клуб побара да се „почитува приватноста на играчот“, но сега се појавија детали за целиот случај.

Advertisements

Како што пренесува „Дејли мејл“, Бен Вајт не го напуштил Мундијалот затоа што имал приватни проблеми, туку поради тоа што се степал со помошниот тренер Стив Холанд, долгогодишниот асистент на селекторот Герет Саутгејт. Дефанзивецот, кој има само четири настапи за националниот тим, бил незадоволен бидејќи не одигра ниту една минута во групната фаза, а исто така се наведува дека не бил во добри односи со своите соиграчи.

„Дејли мејл“, пишува дека Вајт бил целосно незаинтересиран на тимскиот собир пред натпреварот против САД. Поточно, тој не ги знаел неговите лични податоци од тренингот, ниту пак имал информации за следниот противник на Англија, што прераснало во конфликт со тренерот Холанд.

Вајт беше дел од англискиот тим и на ЕУРО 2020, тогаш го замени повредениот Трент Александер-Арнолд, но и тогаш не одигра ниту една минута на турнирот. /Makfax/