-Амбасадорот на Република Северна Македонија во Бугарија ќе биде повикан во Министерството за надворешни работи и ќе му биде врачена протестна нота во врска со тешко кривично дело извршено над државјанин на Република Северна Македонија со бугарски идентитет и секретар на организацијата „Цар Борис III“ во градот Охрид, велат од бугарското МНР.

Пендиков синоќа  бил нападнат и се здобил со тешки физички повреди. Тој е примен во болница.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, остварил телефонски разговор со својот колега од Република Северна Македонија, Бујар Османи, од кого добил уверување за потребната помош од локалните власти во расчистување на инцидентот. Привремениот раководител на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и екипа од бугарската амбасада во Скопје се во контакт со повредениот државјанин и се испратени во Охрид.