Од понеделник Бугарија го враќа носењето заштитни маски против Ковид-19, изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев. Според Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на ковид-19 и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, работите се менуваат толку брзо и толку неочекувано што мора да бидеме подготвени за секоја ситуација. Тој ќе предложи нов пандемичен план за здравствените власти да преземат безбедносни мерки. Меѓу нив се носењето маски, ограничувањето на собири и собирање на многу луѓе на едно место.

Advertisements

Прикажи повеќе