Српската премиерка, Ана Брнабиќ, во интервју за германскиот магазин „Фокус“ вели дека Србија во ниту еден момент не го исполитизирала прашањето на вакцинација против коронавирусот затоа што, како што вели, станува збор за животот на граѓаните, а не за геополитика.
Главната причина за нашиот успех е што имавме можност да набавиме вакцини од целиот свет, вели Брнабиќ.
– Advertisement –
Во врска со тоа како Србија успеа да вакцинира поголем процент од населението од која било друга земја на ЕУ, Брнабиќ вели дека во ниту еден момент вакцините не биле политизирани ниту земјата на потекло играла некаква улога, доколку вакцината била безбедна.
„Во време на пандемија се работи за спасување животи, а не за геополитика. Ако вакцините се достапни и можеме да ги набавиме, тогаш наша обврска е да го сториме тоа во интерес на нашите граѓани“, нагласува Брнабиќ.