Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај наведува дека во Русија опаѓа поддршката за војната во Украина.

Advertisements

Извештајот се повикува на руски независен медиум, кој имал увид во резултатите од анкетата на руската Федерална служба за заштита, изготвена за интерна употреба, 55 проценти од Русите преферираат мировни преговори со Украина, а само 25 отсто поддржуваат продолжување на конфликтот.

И покрај обидите на руските власти да ја задржат контролата врз информациската средина, конфликтот во Украина стана проблематичен за голем број Руси од септември оваа година, кога беше прогласена делумна мобилизација, се наведува во извештајот.

Прикажи повеќе