Британската мутација на коронавирусот е потврдена во повеќе од една четвртина тестови во Данска, соопшти денеска данскиот институт за здравство ССИ.

Мутацијата Б. 1.1.7 до вчера е откриена кај 28,5 проценти од примероците од првата недела на февруари, покажуваат првичните податоци на ССИ.

Една недела претходно, учеството беше 20,3 проценти, а на почетокот на годината 2,1 процент.

Британската мутација на вирусот за првпат е откриена во Данска во примероци земени на 14 ноември.

Оваа мутација е позаразна од другите.

Во Данска остануваат во сила строгите мерки за блокада поради стравот од новите мутации на вирусот, иако бројот на заразени лица опаѓа.

Британската мутација на вирусот досега е откриена кај 1.859 лица во Данска.

ССИ проценува дека овој месец оваа мутација најверојатно ќе стане доминантна.