Шведската мисија која моментално претседава со ЕУ најави дека ќе се формира Европска работна група која ќе користи замрзнати руски средства за обнова на Украина.
„Групата ќе спроведе правна, финансиска, политичка, економска анализа за можностите за користење замрзнати руски средства“, соопшти шведската мисија, пренесе Си-Ен-Ен.
Во соопштението се додава дека дел од работата на групата вклучува добивање „појасна слика“ за тоа каде се наоѓаат руските државни средства и нивната вкупна вредност.
– Русија мора да плати за обновата на Украина. Во исто време, ова покренува некои тешки прашања. Сè мора да се направи во согласност со ЕУ и меѓународното право. Во моментов нема конкретен модел, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Генералниот директор на шведскиот национален трговски менаџмент Андерс Анхлид ќе претседава со работната група.