Рафаел Надал и неговата сопруга Чиска Перељо во моментов минуваат низ вистинска драма, бидејќи шпанските медиуми пренесуваат дека Чиска, која е во 31-та недела од бременоста, била примена во приватна клиника во Палма де Мајорка, каде би можела итно да се оперира на препорака на лекар.Како што пренесува „Ел Периодико“, лекарите во моментов ја држат под опсервација за да се избегнат компликации.
Таа е примена во болница од понеделникот, а во последните неколку часа на клиниката биле видени родителите на Чиска Перељо, како и сестрата на Надал, Марибел Надал, која е и една од најдобрите пријателки на сопругата на Рафа, која ги споила заедно.
Рафаел Надал моментално се наоѓа во САД каде се подготвува за УС Опен.
Веста дека Чиска е бремена ја објавија првите медиуми во Шпанија, кога протекоа фотографии на кои се гледа нејзиниот стомак, набрзо и самите ја потврдија информацијата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.