Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел вечерва соопшти премиерот на Косово Курти и претседателот на Србија Вучиќ, вечерва во Охрид се согласиле за имплементација на планот што треба да придонесе за нормализација на односите.

Овој анекс за имплементација на договорот постигнат во Брсиел, кој станува негов интегрален делм содржи конкретни чекори и рокови кои треба да ги исполнат двете страни, а според Борел двете страни се согласиле да ги спроведат сите делови од планот во добра волја. Борел рече дека преговорите траеле 12 часа и дека не бил лесни.

Ова не е договор само за Косово и Србија, туку за стабилноста и безбедноста на целиот регион – рече Борел.

Прикажи повеќе