Авионот на руската авиокомпанија Утер, Боинг 737, денеска принудно слета на московскиот аеродром Внуково поради дефект, пренесе РИА Новости.

Авионот Боинг 737 со 173 патници летал од Санкт Петербург, Русија, за Самарканд, Узбекистан.

Утер објави дека принудното слетување било поради дефект на стабилизаторот, пренесе ТАСС.