Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми би можел оваа зима да го напушти Динамо Загреб. Понуди на негова адреса постојано доаѓаат, а најновата е од Саудиска Арабија и е фантастична според финансиските параметри, тврдат хрватските медиуми.
Клубот сѐ уште не се открива, но познато е дека понудата од Саудиска Арабија е тројно подобра од годишната плата што ја нуди шпанскиот премиерлигаш Валенсија.
Тренерoт на „лилјаците“, Џенаро Гатузо, инсистира кај раководството на клубот да го засили тимот со нов фудбалер за врска, а негов фаворит е токму Аријан Адеми./Makdbal.mk/