Украинката Ана Малигон сподели видео на Тик Ток на кое е прикажан нејзиниот роден град Харков за време на војната во Украина.
Видеото го погледнале повеќе од 17,5 милиони корисници на оваа социјална платформа.
@maligoshik #ukraine #kharkiv ♬ Che La Luna – Louis Prima with Sam Butera & The Witnesses
Ги снимила омилените локации на кои го поминала детството, како училиште, универзитет, трговски центар, ресторан итн.
„Сега се е во урнатини. „Ти благодарам Русија“, напиша таа во описот на објавата.
„Се надевам дека си безбеден“, „Пази“, „Ова е толку тажно“, „Извини“, „Хорор“, се само дел од коментарите.