Директорот на РКЕ, Марко Бислимовски денеска уште еднаш апелира да се престане со шпекулации во јавноста за скок на цените на парното.

-Со БЕГ сме немале состанок. Имавме со ТЕ-ТО и тие апсолутно како комерцијален субјект ќе обезбедат природен гас како и секоја година што прават за следната година. Се што е во рамките на надлежностите на Регулаторната комисија ќе биде искористено за да се спречат ценовни шокови, изјави Бислимовски пред новинарите.

Ова следува откако синоќа лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека ако државата не го субвенционира „ТЕ-ТО“ со 25 милиони евра, парното ќе поскапи 2,5 пати од сегашната цена.

-Тоа значи дека скопјани ќе треба да плаќаат повисоки сметки бидејќи 70% од цената на килокалорија што ја троши еден стан, е учеството на гасот, рече Мицкоски.