Били Ајлиш деновиве е мета на критичарите од Интернет заедницата или популарно наречено „мета на хејтерите“. Младата пејачка објави анегдота за своето куче на својот Инстаграм профил, но пред тоа најде време да им испрати порака на своите „хејтери“.
„Е**те се, луѓе! Престанете да ме исмевате! О, боже, а јас ви правам нов албум. Нема да го издадам ако продолжите да ми се потсмевате за косата! Замолчете!“, низ смеа рече младата Ајлиш.
Били Ајлиш додаде дека има намера да ја смени фризурата откако ќе биде објавен нејзиниот албум.
„Тоа ќе биде крај на еден период. Ќе ви дама нова тема за муабети. Имам разни најави во планот“, изјави таа.
„Како и да е, дозволете ми да живеам со е***ата фризура што ја имав премногу долго. ДОБРО? Замолчете!“, додаде Ајлиш.
Преземено од Еспресо.мк