Готовите печива, како ѓевречиња, кифли и слично, кога ги купувате за семеен оброк, не мора секогаш да ги комбинирате на ист начин. Еве идеи како да бидете креативни и да ги изненадите домашните со други, еднакво вкусни, оброци.

Печиво или пица за појадок е веќе здодевно, но само ако немате идеја што да направите за поинаков и вкусен оброк. Него не само што домашните веднаш ќе го изедат и нема да ви остане за следниот ден, туку ќе знаете како следен пат да го скратите времето за подготовка на појадок или вечера и сигурно ќе се инспирирате за нови интересни оброци.

Ѓеврече со печено јајце

Најтрадиционален рецепт за ова јадење е во резанки леб се прават дупки со помош на калапи за колачи и во нив се истура јајцето, па се печат во рерна. Но вие сега можете во мини ѓевречиња да ставите по едно јајце, да ги зачините и да ставите да се потпечат во рерна. Слободно пуштете ја својата креативност и збогатете ги со сечкан зеленчук, шунка и сл. Ова јадење дури препорачливо е да го правите и со останато печиво од пред некој ден, кое ќе омекне и ќе биде еднакво вкусно за јадење.

Мини киш

Еве една брилијантна идеја. Пресечете ги мини ѓевречињата или кифлите на пола, па потоа над нив наредете еден ред готова кајгана, а над неа она што имате дома – сечкана шунка, пржена сланина, малку сирење, кашкавал, сечкан кромид итн. За рустичен вкус, поклопете ги со другата половина и кратко потпечете ги во рерна.

Канапеи

Освен како појадок или вечера, ќе ве спасат во последен миг кога ќе ви се појават ненајавени гости. Исечете ги печивата на тенки парчиња и кратко потпечете ги во рерна, да добијат крцкавост. Потоа на секое парче ставете од она што го имате дома: готова крем-салата, сувомесно, чаден лосос, кашкавал, некој кремаст премаз и слично. Ако сте љубители на слатко, комбинирајте ги со некое сечкано овошје и слатка павлака.

Домашен чипс

Ако печивата ви останале неколку денови и ви се чини дека веќе не се за јадење, пак не ги фрлајте. Од нив можете да направите чипс. Исечете ги на тенки резанки, попрскајте ги со малку маслиново масло, сол и ставете да се потпечат во рерна додека станат крцкави. Можете и да направите премаз со лук, магдонос, путер и сол, па со него да ги премачкате пред печење. Добри се да се јадат така или со некоја крем-салата.

Леб во супа

Француската супа од кромид е одлична во ладните зимски денови, за појадок или за вечера. Но таа не е комплетна ако во неа нема парче леб, кое ѝ дава посебна текстура и вкус. Наместо обичен леб, можете да искористите печиво што ви останало од појадокот и да го потпечете во рерна. Потоа ставете го во готовата супа и посипете со рендан кашкавал.