„Би-Би-Си“ ги прекрши новинарските стандарди имајќи предвид дека нивниот новинар Мартин Башир успеал да дојде до интервју со принцезата Дајана во 1995 година со помош на лаги и фалсификувани документи…

Заклучокот од истрагата е дека Башир покажал лажни банкарски трансакции за да го убеди Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дајана, да го запознае со неговата сестра.

Profimedia
Profimedia

Иако „Би-Би-Си“ не може да го врати времето по четвртина век, денес можеме целосно и безусловно да се извиниме“, рече првиот човек на „Би-Би-Си“, Тим Дејви.

Иако во извештајот се наведува дека Дајана, принцезата од Велс, сакала да даде интервју за „Би-Би-Си“, јасно е дека процесот за обезбедување на истото е далеку од она што јавноста има право да го очекува. Многу ни е жал за ова“, додаде тој.

Интервјуто на Башир со принцезата Дајана обезбеди голем рејтинг на „Би-Би-Си“ во тоа време, проследено со повеќе од 20 милиони гледачи во Велика Британија. Принцезата во интервјуто ја изговори познатата реченица „Во тој брак бевме тројца“, мислејќи на сегашната сопруга на принцот Чарлс, Камила Паркер Боулс.

youtube
Принтскрин/Youtube

Тогаш, за прв пат, член на кралското семејство отворено прозборе за приватниот живот. Дајана во тоа интервју раскажа за несреќниот брак со принцот Чарлс, неговите неверства и борбата со булимијата.

„Би-Би-Си“ во ноември минатата година отвори истрага откако Чарлс Спенсер рече дека бил заведен со фалсификувани документи и „други измами“ за да ги запознае Башир и Дајана. Спенсер објасни дека Башир го убедил да му „среди“ интервју со Дајана, затоа што тој му рекол дека Дајана ја прислушкувале тајните служби и дека двајца високи советници биле платени за да даваат информации за неа.

youtube
Принтскрин/Youtube

Башир се извини, но рече дека не верува дека лажните документи биле пресудни за Дајана да се согласи на интервју.