Основачот на Амазон, милијардерот Џеф Безос во интервју за Си-Ен-Ен (ЦНН) изјави дека планира за време на неговиот живот да подари поголем дел од своето богатство на хуманитарни организации.
Првпат 58-годишниот милијардер јавно дава такво ветување. Безос наведе дека сака да биде убеден дека неговите подароци ќе бидат употребени на најефикасен можен начин.
Градиме капацитети тоа да го направиме, посочи Безос.
Тој во 2010 година не ја потпиша инцијативата „Ветување за подарок” иницирана од Ворен Бафет и Бил Гејтс. Со инцијативата се поттикнуваат милијардерите да подарат повеќе од половина од своето богатство на хуманитарни организации.
Според Блумберг, богатството на Безос е проценето на 124 милијарди долари, со што е четврти најбогат човек на светот.