Во неодамнешното интервју за „Hollywood Reporter“, 48-годишниот актер Бен Афлек искрено зборуваше за искуства од приватниот живот што влијаеле на неговата кариера, како родителството и разводот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.

Говорејќи за неговиот филм „The Way Back“ од 2020 година, Афлек истакна дека животните искуства му помогнале подобро да се внесе во улогите.

За мене, филмот зборува повеќе за фактот дека, без разлика уште колку би живеел, сум видел доволно подеми и падови, добив деца и се разведов, сега сум во момент од мојот живот кога имам доволно животно искуство да го внесам во улога и да ја направам навистина интересна за мене“, вели Афлек.

Тие искуства му помогнале, како што вели, да стане подобар актер, истовремено правејќи ја неговата кариера попривлечна.

epa-efe
EPA-EFE/NINA PROMMER

Стареењето и поинтензивните лични искуства направија глумата да ми биде многу поинтересна и почнаа да ме привлекуваат филмови за несовршени луѓе“, вели Афлек.

Минатата година, додека го промовираше филмот „The Way Back“, Афлек гостуваше во емисијата „Good Morning America“ и со водителката Дајан Соер зборуваше за проблемите со алкохолот и јавниот развод со 48-годишната актерка Џенифер Гарнер.

По прикажувањето на претходно снименото интервју со Афлек, Соер ја прочита неговата порака упатена на неговата поранешна сопруга.

Profimedia
Profimedia

Сакам јавно да ти кажам: Ти благодарам. Ти благодарам што си внимателна, грижлива, одговорна, одлична мајка и личност“, прочита Соер.

Во тоа време, Афлек призна дека никогаш не помислил дека неговата борба со зависноста ќе резултира со развод од Гарнер.

Не сакав развод, не сакав да бидам разведена личност, навистина не сакав да бидам одвоен од семејството и моите деца. Тоа ме потресе затоа што значеше дека не сум онаков каков што мислев дека сум и тоа беше многу болно и разочарувачко за мене“, рече Бен.

Profimedia
Profimedia

Афлек и Гарнер објавија дека се разделуваат во 2015 година, а нивниот брак официјално заврши во октомври 2018 година. Тие беа заедно од 2004 година и заедно ги имаат 15-годишната Виолет, 12-годишната Серафина и 8-годишниот Самуел.

Актерот минатата година призна дека во неговиот живот намногу жали за разводот.