САД сметаат дека посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван не претставува повреда на суверенитетот на Кина, изјави денеска координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
„ Не веруваме дека оваа посета е кршење на суверенитетот“, изјави Кирби за Си-Ен-Ен.
Advertisements
Портпаролот на Белата куќа го привлече вниманието на „тензијата што ја придружуваше реториката на кинеските власти пред патувањето на Пелоси на Тајван“.