Американскиот модел Бела Хадид (24) не се откажува од летните кратки маици, па дури и кога температурите во Њујорк се блиску до минусот.

Instagram
Instagram
Имено, многуте обожаватели „се смрзнаа“ само што ги видоа фотографиите кои познатата манекенка ги објави на својот Инстаграм профил. Таа ужива додека лежи во снегот во маица која е многу кратка и го открива нејзиниот стомак.

На фотографиите може да се види дека убавицата излегла на првиот снег во Њујорк многу лесно облечена на ниските температури и ужива додека лежи на снежната прекривка.

– Трет ден снег. После работа, напишала манекенката под објавата каде лежи во снегот, а сите гледаат во нејзиниот совршено рамен стомак.

Instagram
Instagram
Не е познато дали навистина шетала по улиците на Њујорк од работа до дома или излегла да се фотографира само за Инстаграм, а потоа набрзина влегла во домот да се стопли.

Таа собра над 2 милиони лајкови на овие објави, додека 36,5 милиони фанови ја следат на социјалната мрежа Инстаграм.

Instagram
Instagram

„Облечи се“, „Убава си, но ќе те фатат јајниците и бубрезите“, „Прекрасна, а ова се вика храброст“, „Леле, уживај во снегот“, беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.