Бела Хадид е прогласена за „најстилска“ славна личност од страна на списанието „Џи-кју“ (GQ). Според жирито, имено оваа позната манекенка е „мајстор за стил“ и „знае совршено да ја комбинира облеката што вообичаено ја носат мажите“.

Таа предводи ревии за бројни луксузни модни куќи, вклучувајќи ги и „Баленсијага“, „Булгари“, „Диор“ и „Версаче“.

Супермоделката неодамна имаше импресивен „настап“ на модна ревија во Париз, кога се појави по гаќички, а дизајнерите пред публиката создадоа уникатен бел фустан од брендот „Копернија“, со помош на спреј врз телото на моделот.

За потсетување, Бела беше прогласена за најубава жена на светот. Односно, пропорциите на нејзиното лице со 94,35 отсто одговараат на „златниот пресек“ на човековото „совршенство“.