Министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за ДВ уверува дека инфлацијата веќе нема да ги „шокира“ граѓаните. Инспекторите ќе ги „дисциплинираат“ трговците да нема злоупотреби, вели тој.
Бектеши кажа дека ќе нема драстично зголемување на цената на струјата од 2023 година, дури може да има и намалување.
„Нема да има драстично зголемување на цената од 1 јануари, можни се и поместувања во надолна линија. Сѐ зависи од тоа што ќе утврди Регулаторната комисија откако ќе се направат соодветните анализи и проекции и, адекватно на тоа, ако е потребно ќе биде донесена соодветна одлука од страна на Владата. Согласно нашите проекции и разговорите што ќе ги имаме во Економскиот совет, можам да кажам дека кризата нема да биде на товар на граѓаните, на домаќинствата и на малите потрошувачи. Што и да се случи со производството на ЕСМ, што и да се случи во енергетскиот систем, граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од она што моментално плаќаат. Јас ги имам пресметките колку би можела да изнесува таа и тврдам дека зголемувањето нема да биде на товар на граѓаните“, кажа Бектеши.