Доколку ви е проблем секоја вечер, да подготвувате ужинки за утрешниот ден додека сте на работа или децата на училиште имаме совршен предлог за вас и вашето семејство. Една од највкусните ужинки која патем е многу лесна за понесување и секако не се расипува и да ја носите во чанта кога деновите се потопли.
СОСТОЈКИ:
– 500 грама брашно
– 3 лажици сув квасец
– 50 мл врела вод
– 300 мл топла вода
– 1 лажица кафеав шеќер
– малку сол
– по 2 лажици сода – бикарбона за секоја чаша вода, која ќе ви треба за варење на переците
– морска сол
ПОДГОТОВКА:
Ставете ја врелата вода со кафеавиот шеќер и квасецот во еден сад и оставете да стои околу пет минути. Во друг сад измешајте ги топлата вода, брашното и солта. Мешајте додека добиете еластично тесто. Тестото не мора да стасува. Загрејте ја рерната на 200 степени, а плехот обложете го со хартија за печење.
Наполнете голем сад со вода до висина од 10 сантиметри (мерете со чаша од 250 мл) и за секоја чаша вода ставете по 2 лажици сода-бикарбона во садот. Оставете смесата да зоврие на тивко, додека се раствори сода-бикарбоната. Исечете го тестото на еднакви делови. Ставете го секое парче меѓу дланките и почнете да го обликувате во долг цилиндер.
Потоа заврзете го во вид на перек и оставете кратко да се одмори на работна површина. Откако ќе завршите со обликувањето на переците, земајте еден по еден и ставајте ги во водата што врие. Со лажица држете го да биде под површината на водата околу 30 секунди, па извадете го. Ставајте еден по еден од переците за да не се преварат. Готовите переци ставете ги на плехот со хартија за печење. Посипете ги со морска сол, ставете да се печат во рерна околу 20 минути, додека добијат убава боја.