Каталонскиот гигант Барселона донесе да ги прекине сите односи со големиот ривал Реал Мадрид, кој најави дека ќе учествува во процесот против овој клуб во аферата за исплаќање пари на поранешниот член на судиската комисија, Енрике Негреира.
Барселона реши да го откаже заедничкиот ручек меѓу двајцата претседатели, во пресрет на „Ел Класико“ следниот викенд на „Камп Ноу“
„Традиционалниот ручек меѓу претседателите е откажан. Односот меѓу двата тима повеќе не е ист, откако Реал реши да делува против нас“, истакнаа од Барселона.