Oфицијално заврши групната фаза на Лигата на шампионите во ракомет, а по четиринаесет кола Македонија нема свој претставник, бидејќи Никола Митревски и Порто не го минаа првиот филтер.

Исто така впечатливо е дека со елиминацијата на Целје Пивоварна Лашко и ППД Загреб, Балканот нема претставници во осмфинафиналето.

Најдобрите две екипи од секоја група ќе играат директно во четвртфиналето, а другите осум екипи ќе разигруваат за место меѓу осумте најдобри.

Четвртфиналисти:

Барселона, Киелце, ПСЖ, Магдебург

Осминафинале:

ГОГ Гудме – Алборг

ПИК Сегед – Веспрем

Динамо Букурешт – Кил

Нант – Висла Плок

Титулата од минатата сезона ја брани Барселона, која во финалето во Келн по пенали го совлада Киелце./Гол.мк/