Супер бабата од Словенија која има 101 година докажа дека староста не мора да се помине со затворање во куќата, туку на пр. во возење автомобил каде што сакате.

Во емисијата Утро на планетата на словенечката телевизија Планет ТВ, авторите ја посетија Амалија Умек од Тржишч, пишува Metropolitan.si.

Таа го однела новинарот Томаж Кудер со автомобил во кафуле во близина, што го импресионирало него и многу корисници на Интернет.

Рекла дека сака да излегува на кафе барем три пати неделно, а многумина ја фалат нејзината виталност.

„Дамата изгледа многу добро за нејзините години“, се огласија во коментарите. Нејзината приказна може да биде инспирација за многумина, бидејќи покажа дека староста не значи затворање во куќата.