Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Соединетите држави нема да испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, иако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција не исклучува нивно испраќање доколку се исполнети одредени услови.

Бајден одговори „не“ на прашањето од новинарите во Белата куќа дали е за испраќање на авионите, кои ги побараа украинските лидери, откако во минатата недела добија ветувања дека Германија, САД и другите западни сојузници ќе испрати тенкови.

Прикажи повеќе